Македонија во златна средина, но и со најтенок паричник

Bez autora
Aug 16 2011

Словенците плаќаат најскапи телекомуникациски услуги, а најевтино поминуваат корисниците во Србија и Босна и Херцеговина бидејќи владите во овие две држави водат социјална политика преку цените на фиксните телефонски импулси, покажала анализата на интернет-порталот "Профитирај". Според овој портал, цената на фиксниот локален повик од три минути во Србија чини 2,1 евроцент (1,29 македонски денари), додека во Црна Гора е повеќекратно поскап и изнесува дури седум евроценти (4,3 денари). Во Босна и Херцеговина импулс од три минути разговор е три евроценти (1,84 денари). Во Македонија и Хрватска каде се применуваат пазарни принципи цените на локалното телефонирање во фиксната телефонија изнесува 5,1 евроцент (3,132 денари), односно 12 евроценти (7,38 денари) за три минути разговор. Во Словенија пак, минута разговор во фиксната телефонија чини 10 евроценти (6,15 денари).

Македонија во златна средина, но и со најтенок паричникСловенците плаќаат најскапи телекомуникациски услуги, а најевтино поминуваат корисниците во Србија и Босна и Херцеговина бидејќи владите во овие две држави водат социјална политика преку цените на фиксните телефонски импулси, покажала анализата на интернет-порталот "Профитирај".

Според овој портал, цената на фиксниот локален повик од три минути во Србија чини 2,1 евроцент (1,29 македонски денари), додека во Црна Гора е повеќекратно поскап и изнесува дури седум евроценти (4,3 денари). Во Босна и Херцеговина импулс од три минути разговор е три евроценти (1,84 денари). Во Македонија и Хрватска каде се применуваат пазарни принципи цените на локалното телефонирање во фиксната телефонија изнесува 5,1 евроцент (3,132 денари), односно 12 евроценти (7,38 денари) за три минути разговор. Во Словенија пак, минута разговор во фиксната телефонија чини 10 евроценти (6,15 денари).

Србија и Босна и Херцеговина се најевтини и во споредба со месечната претплата за користење на фиксен телефон која во овие две држави изнесува 5 евра (307,5 денари). Во Црна Гора месечната претплата изнесува 5,89 евра (362 денари), додека во Македонија е 7,7 евра (473,5 денари), во Хрватска е 10,17 евра (625,5 денари), а најскапа е во Словенија - 11,2 евра (689 денари).

Словенија е најскапа и во услугите во мобилната телефонија. Споредбата на цените на мобилните услуги, а во согласност со европските прописи, се врши на основа на ОЕЦД-пакет со ниско ниво на потрошувачка, а на база на цената на минута телефонирање од мобилен телефон и цената на праќање на СМС-пораки. Па така, во Црна Гора цената на најевтината ОЕЦД-пакет изнесува 4,86 евра (299 денари), а во Србија и Босна и Херцеговина изнесува 3,44 евра (211,5 денари). Во Македонија цената на најевтиниот ОЕЦД-пакет изнесува 5,17 евра (318 денари), во Хрватска е 8,40 евра (517 денари). Слични цени на ОЕЦД најевтиниот пакет важат и во Словенија.

Што се однесува пак, до стандардот, најдебели паричници имаат граѓаните на Словенија чија просечна заработувачка изнесува 982 евра. Во Хрватска просечната плата е околу 730 евра, во Црна Гора изнесува 479 евра, во БиХ - 401 евро, во Србија - 380 евра, во Македонија - 334 евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik